Постојат многу работи кои можат да ги изнервираат стјуардесите. А, ова се оние моменти кои најчесто ги нервираат.
Кога ги допирате
„Често се случува некој да нè допира или да нè подбуцнува со прстите за да го добие нашето внимание“.
Ги оставате слушалките и избегнувате контакт со очите
„Многу патници ги игнорираат стјуардесите за време да служењето храна и пијалаци. Повеќето вакви патници се игнорирани, а потоа се гневни…“.
Кога доаѓате до просторот каде само стјуардесите смеат да влезат
„Луѓето често имаат навика да се прошетаат до оној дел кој јасно е покриен и со знак дека не е за патниците, додека подготвуваме храна и пијалаци. Некои патници решаваат да се растегнат или да вежбаа тука, а ова е простор каде некои работи можат да паднат на вас и да ве повредат. Тоа на крајот е наша вина, а не сакаме да бидеме одговорни“.
Барате да ви ги постават куферите
„Некогаш се случува некој да побара тешката торба или куфер да му ги ставиме во просторот наменет за чување на патничките торби и најчесто тоа е некој маж кој е далеку покрупен од нас. Стјуардесите немаат дозвола да ракуваат со вашите торби.“.
Ставате нозе на седиште
„Јас не доаѓам во вашата канцеларија и ги подигам нозете на вашата работна маса“