Бесплатно сместување на тропски остров и договор за вработување на 2 години. Звучи како работа од соништата, зарем не?
Great Barrier Reef Marine Park Authority бара нов кандидат кој ќе се грижи за Low Isles во North Queensland.
Избраниот кандидат ќе ги преземе одговорностите од Вејн и Џени Фокс кои успешно ја извршуваа позицијата цели 6 години, а сега ќе треба да се отселат поради лични причини.
Идниот вработен ќе ја има среќата да ужива во природните убавини на овие острови, но исто така ќе мора да се грижи и за чистотата на истите.
Ова е сериозна работна задача бидејќи островот на годишно ниво го посетуваат околу 50.000 гости.
Надлежните не ја соопштуваат висината на платата, но претпоставуваме е голема!
Ако сте заинтересирани, побрзајте и аплицирајте бидејќи огласот завршува на 31 мај.
Повеќе прочитајте на следниот линк.