Американската интернет-страница Review.org бара пет најголеми обожаватели на ликот, делата и наследството на Волт Дизни, кои цели 30 дена би гледале филмови на новата стриминг платформа Disney+, која официјално ќе биде лансирана на 12 ноември 2019 година.
„Толку сме возбудени за Disney+ стриминг платформата и своето одушевување сакаме да го споделиме со уште неколку фанови. Ако ве изберем баш вас, главната задача ќе ви биде да погледнете 30 ваши најдраги филмови на Дизни за 30 дена. Што мислите, ви ја нудиме ли најдобрата работа на светот?“ пишува Review.org на својата интернет-страница.
Најреќните петмина за својот ангажман ќе добијат 1.000 долари, годишна претплата на стриминг платформата Disney+ и сет за гледање филмови во кој влгува удобна фотелја, четири Мики Маус чаши и модерна машина за правење пуканки.
Сите заинтересирани мора да пополнат кратка анкета на страницата на Review.org и да приложи кратко видео во кое се обврзани на што поиновативен и пооригинален начин да образложат зошто баш тие ја заслужуваат „работата“. Стриминг платформата Disney+ ќе биде достапна од 12 ноември по цена од 7 долари месечно, а на своите корисници ќе им овозможи гледање на повеќе од 7.000 епизоди од серии и повеќе од 500 филмови.