
Можеби не сте свесни, но рутерот е еден од уредите кои трошат најмногу струја во вашето домаќинство.
Рутерот за спојување на интернетот, е уред кој троши струја исто колку и вашиот фрижидер, доколку го оставите вклучен цел ден. Веројатно не сте ни свесни дека тоа е еден од уредите во вашето домаќинство кои трошат најмногу струја.
Затоа, нареден пат кога ќе купувате рутер, проверете дали има можност за најмало трошење енергија кога е вклучен и во мирување. Германската сојузна агенција за заштита на околината (UBA), вели дека тоа е исклучително важно.
Доколку користите рутер кој не може да се исклучи бидејќи на него се наоѓа прикачена и телефонската линија, барем набавете го оној кој има опција да се исклучи интернетот кога не е во употреба.