Новата кредитна картичка “Рарис“ е најскапата банкарска картичка во светот изработена од 18-каратно злато.
Користењето на таква картичка, односно купувањето со истата, има своја цена што изнесува повеќе од 20 илјади евра.
Картичката ја направи официјалната агенција за британската валута, Ројал Минт, во соработка со Mastercard, а истата е наменета за луѓе кои го ценат луксузот.
Со “Рарис“ ќе може да се купува без ограничувања и да се плаќа во странска валута без провизија
Освен можноста за неограничено купување и плаќање во странска валута без провизија, картичката нуди и други бенефиции, како што се врвни хотелски услуги и други придобивки наменети за патниците кои се дел од MasterCard World Elite Package.