Многу луѓе веруваат дека единствениот начин за да се збогатите е да се родите во богато семејство или да добиете на лотарија. Меѓутоа, има и такви кои не се согласуваат со ова, а еден од нив е финансискиот советник Дејвид Бах кој “скова“ план како да се заштедат 1 милион долари до 65-годишна возраст, без претходно да бидете богати.
За да се збогатите, потребно е да инвестирате – колку порано, толку подобро, тврди Бах. “Да се стане богат не е ништо друго освен систематско штедење и добар план за инвестиција. Не ви требаат пари за да создадете пари“, пишува тој во својата книга “Smart Couples Finish Rich“.
Треба само да донесете правилни одлуки и да се придржувате до нив, вели Бах.
За да го демонстрира потенцијалот за збогатување, тој направи график кој покажува колку пари може да се заштедат на дневна, месечна и годишна основа.
Графикот покажува дека со заштеда од само 2 долари на ден, почнувајќи од 20-тата година па се до 65-тата година, може да станете милионер. Се разбира, кога ќе се претвори во денари, милионерот може да стане милионер и порано. Но доколку започнете со штедење на 55 години, тоа ќе биде потешко бидејќи ќе мора да штедите по 8713 денари дневно.
Додека бројките малку се разликуваат од реалноста (вкалкулирана е каматата, но не и данокот), а а целата идеја звучи само како добра теорија која е тешко да се спроведе во пракса, сепак, поентата е дека доволно е да заштедите само неколку денари дневно кои можат да се акумулираат во убав износ со текот на времето.