Еден збор во лозинката со која ги штитите своите кориснички сметки не е доволен – време е да почнете да користите изрази со повеќе зборови Силата на лозинките е клучна за ваша безбедност и заштита на приватноста онлајн. Повеќето хакирања се резултат на „фишинг“, кога хакерите се обидуваат да ја погодат вашата лозинка врз основа на податоци што ги извлекле од пораките, корисничкиот профил и други јавно достапни податоци. Често се успешни во тоа, главно поради човечките грешки што лесно можат да се спречат.
Исто така, хакерите се сè повешти во следењето и размената на украдени лозинки, поради што превентивата е поважна од кога било претходно. Еве неколку совети како да ги спречите. Лозинката повеќе не е доволна, особено ако се состои од само еден збор. Треба да смислите израз составен од неколку збора и знаци, па и простор меѓу нив. Колку се подолги и покомплицирани, толку подобро. Четири збора се минимум, пет би биле одлично. Да, можете да користите простор во лозинката.
Facebook, Google и другите интернет-сервиси ги прифаќаат без проблеми. Зошто изразите се подобри од зборовите? Затоа што е потешко да се погодат, а и полесно е да се запомнат отколку серија букви, бројки и знаци. Но, дури и ако користите изрази, важно е да ги менувате редовно и да не ги користите истите на различни сервиси и кориснички профили.