Основниот услов за добро извршување на работата е фанатична желба и способност да заспиете во секое време, на кое било место.
Индискиот стартап Wakefit се реши на еден навистина необичен потег: да понуди плата за спиење.
Станува збор за компанија што се занимава со здрав сон и одмор, односно со душеци што го прават тоа возможно.
Имено, компанија бара почетници кои би спиеле на работа во текот на целото работно време, 100 дена по ред. За таа “тешка“ работа, кандидатите ќе добијат 1.500 долари.
Најдобриот дел од работата е што сето тоа се одвива дома, без притоа да мора да патувате до работното место.
Основниот услов за добро извршување на работата е фанатична желба и способност да заспиете во секое време, на кое било место.
Еден од условите кои треба да ги исполните, е секако, да не претерувате со телевизија и серии, а користењето на компјутер не е дозволено за време на работното време. Предност имаат луѓе кои можат без проблем да ги игнорираат сите пораки и известувања што пристигнуваат на нивниот смартфон.
Инаку, Wakefit е компанија која се прослави во Индија, но и во целиот свет по своето залагање да се направат специјални простории во компаниите за попладневен одмор после ручет бидејќи едно нивно истражување покажа дека дури 86 проценти од Индијците веруваат дека би биле попродуктивни после еден таков одмор.