
Во текот на изминатиoт ден (15.05), на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле 11 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, пет со телесни повреди и пет со материјална штета. При сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и девет лица се здобиле со лесни телесни повреди. 87 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така, исклучени се и 16 возачи, бидејќи осуммина го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, четворица го управувале возилото под дејство на алкохол и четворица биле возачи почетници. 21 возило се исклучени од сообраќај бидејќи 13 биле нерегистрирани, шест технички неисправни и две со претовар. Двајца возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло, двајца не дале првенство на минување на пешаци, петмина неправилно се престроиле, еден неправилно престигнувал и седум не користеле заштитен шлем. Во однос на пешаците, санкционирани се 17 пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин и 33 кои поминале на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 84 мандатни платни налози, додека, исто така, 68 возила се подигнати со "Пајак".