ЈАВЕН ОГЛАС
за вработување на едно лице на неопределено време
Покрај општите услови за вработување:
- да е државјанин на Република Македонија,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност, и
- да не му е изречена казна со правосилна судска пресуда за забрана на вршење професија, дејност или должност,
кандидатите треба да ги исполнуваат и следните посебни услови:
- средно образование, средно ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четиригодишно средно образование, економска насока, и
- оспособеност за работа со компјутер.
Заинтересираните кандидати потребно е да достават: CV (лична биографија) и мотивaционо писмо на македонски јазик, докази за исполнување на општите услови (уверение за државјанство и уверение дека на кандидатот не му е изречена казна со правосилна судска пресуда за забрана на вршење професија, дејност или должност), како и докази за исполнување на посебните услови (диплома за завршен степен на образование кое се бара за работното место).
Документите се поднесуваат во оригинал или во копија заверена на нотар.
Неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа (7.00 - 15.00 часот).
Со сите пријавени кандидати кои ги исполнуваат условите за наведеното работно место ќе се спроведе поединечно интервју.
Пријавите со документи за исполнување на условите се доставуваат на адреса:
Македонска академија на науките и уметностите,
Бул. ,,Крсте Мисирков” бр. 2 – Скопје,
телефон за контакт (02) 3235 400, во рок од 3 (три) работни дена од објавувањето на јавниот оглас, сметајќи го и денот на објавувањето заклучно со 23 декември 2019 година. Условите наведени во конкурсот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Некомплетни и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат.