Патувањето со автомобил и понатаму се користи многу иако со авион секогаш се стига многу побрзо до одредената дестинација, а една од најголемите фрустрации при патувањето во странство ќе биде виден автомобил со вклучени ротирачки светла. Потоа морате да застанете на страна и знаете што следува.
Казната е секогаш поприлично висока, главно во евра, кои сте планирале да ги потрошите во некој забавен парк или за ручек.
Сообраќајните знаци главно сите знаат да ги читаат, но ако на кружбата бела плоча со црвен обрач пишува 60 сигурно тоа нема да го протолкуваме како „вози побрзо од 60 км/ч. Сепак, во многу од европските земји на сила се правила кои не се вообичаени, па ќе имате можност да се запознаете со нив.
Албанија
Толеранцијата за консумирање на алкохол при возење е 0,01 прмил, што е речиси рамно на тоа како и да нема толеранција. Колку е тоа? Една голтка пиво, поглед на чашката…
Белорусија, Бугарија, Русија и Романија
Ако возите автомобил кој не е чист тогаш се класифицира како неисправен и следува казна.
Бугарија
Во еднонасочни улици можете да паркирате само на левата страна.
Кипар
Забранета е употреба на сирена во реонот на резиденциите и во близина на болниците. На возачите им е и забрането да јадат во автомобилите. Исто така, користење на раката за да изразите негодување е недозволиво, а тоа уклучува среден прст, заканувачко мафтање и друг дел од нашиот богат репертоар на невербални навреди и закани. Ако се сети некој на овие законски одредби на Балканот, прометот повеќе никогаш нема да биде ист.
Франција
Не смеете да имате слушалки на ушите. Тоа ја вклучува и забавната и информативната програма, што значи дека не смеете да имаате Bluetooth слушалици, како и слушалки за музика. Доколку возачите од спротивниот правец ви блиндираат тоа не знак на нивна добра волја и нема да ве пропуштат. Тоа го прават затоа што тие сакаат да поминат први. Дозволената количина на алкохол е 0,02 проенти. Покрај тоа во автомобилите морате да имате и тестер за алкохол. Можете да го купите на секоја бензинска пумпа.
Грција
Забрането е возење со запалена цигара.
Исланд
Нема возење по макадам, освен ако на него не се наоѓа означен паркинг.
Македонија
Патникот на предното седиште исто така мора да биде трезен.
Германија
Ако возите бавно на Autobahn ќе добиете казна. Им се заканувате ли на другите возачи со раце казната е 500 евра. Додека чекате на раскрсница морате да го исклучите моторот. Ако останете без гориво на автопат ќе бидете казнети.
Португалија
Не смеете да носите канистар со бензин во возилото.
Русија
Забрането е да собирате автостопери.
Словенија
Кога возите во риквер задолжително морате да ги вклучите сите четири трепкачи.
Шпанија
Ако носите очила за возење во автомобил морате да имате резервни, а ова исто важи и за Португалија и за Швајцарија.
Швајцарија
Нема перење на автомобилот во недела. Значи, во Женева, Берн… ќе морате да пронајдете некое друго хоби.