Како изгледа да летате кога ќе ја платите најскапата авионска карта во светот, знаат само оние со исклучително длабок џеб, но и јутуберот Кејси Неистат, кој го почести авиокомпанијата Etihad Airways со еден таков лет.
Во видеото кое го постави на својот канал, Неистат ги води своите 11,6 милиони следбеници низ Etihad A380, исклучително скапа приватна соба во авионот.
Пред да полета авионот, јутуберот доби слушалки против бучава, пижами, наметка и лозинка за Wi-Fi конекција.
Во кратката прошетка низ собата, Неистат ја покажува авионската дневна соба која е опремена со две масивни кожни седишта, сопствено купатило и приватна спална соба.
Во луксузната авионска резиденција има и фрижидер, телевизор, повеќе тоалетни потребштини од хотел со пет вездички, туш и фен за коса.
Како што вели Неистат, станува збор за хотел на небо. Тој пред неколку години леташе и со првата класа на Emirates Airlines кога во видеото прикажа сметка од 21.000 долари. Тоа видео брзо стана вирално, привлекувајќи повеќе од 70 милиони прегледи.
Не е познато која би била точната цена на летот со Etihad, но според Business Insider повратен билет на релација Њујорк – Абу Даби во луксузен авион чини 31.000 долари за едно лице или 41 000 долари за две лица.
Кликнете на ЛИНКОТ и погледнете.