Еден од најголемите проблеми со услугите за е-пошта е токму потребната интернет врска со цел да имате пристап, што не е проблем кога сте дома или на работа.
Но, меѓутоа, што правите кога сте на патување или на некое место каде нема добра интернет врска?
„Google“ најверојатно нуди решение за овој проблем, односно „offline“ режим за „Gmail“. Toа значи дека овој популарен сервис за електронска пошта на корисниците ќе им понуди да ги читаат и одговорат на пораките, дури и кога не се поврзани на Интернет.
Електронската пошта, креирана „offline“, нормално нема да може да се испрати пред да се воспостави интернет конекција, пишува „Ubergizmo“.
Корисниците, кои сакаат да го користат „offline“ режимот за „Gmail“ ќе мораат да инсталираат „Google Chrome 61“ или понова верзија од овој прелистувач.
Треба да одите во „Settings“ и да одредите колку дена сакате да ви траат пораките во „offline“ режимот. Доколку постојат пораки кои се постари од одредениот датум, пристапот до тие пораки ќе биде невозможен.
Повеќе детали за „offline“ режимот на „Gmail“, кој е дел од новиот дизајн на услуги, можете да најдете на страната за поддршка на „Google“.