Работници од агенцијата за вработување во англискиот град Свиндон ќе добијат четири дополнителни денови годишен одмор доколку не пушат на работа.
Агенцијата KCJ Training & Employment Solutions од Свиндон има намера да ги награди работниците што не пушат наместо да ги казнува пушачите.
Генералниот директор Дон Брајден се согласил да ја воведе ова мерката иако е пушач додавајќи дека таа е прифатена и од страна на непушачите во неговата компанија.
Одлуката е донесена и ја прифатија и пушачите и непушачите во компанијата, изјавил тој.
Директорот додава дека не му пречат паузите за пушење ниту, пак, ги присилува работниците да се откажат од ваквата навика.
Сепак, да речеме дека во просек се прават по три паузи за пушење на ден. Тоа е еднакво на 16 работни дена и 2 часа годишно доколку работниот ден трае осум часа, објаснил Брајден зборувајќи за својата одлука.
Што мислите за ваквиот потег?