Просечниот македонски работник треба да работи 62.8 дена за да купи iPhone 11!
Најновото истражување на полската компанија Picodi.com откри дека просечниот Македонец треба да работи 62.8 дена за да го купи најновиот iPhone 11.
Истражувањето се заснова на објавените цени за последната иновација на Apple во секоја земја, како и на податоците за висината на просечната плата според официјалните статистички извештаи во земјите опфатени во анализата.
Од земјите во регионот, за iPhone 11 најмалку треба да работат Словенците (22.7) и Хрватите (31.2), а најмногу Албанците (75.1).
Помалку од нас треба да работат Србите (60.4), Босанците (58.1), Црногорците (51.9) и Бугарите (49.9).
Во светски рамки, за овој уред најмалку денови треба да работат Швајцарците (4.8), а после нив следат Американците (5.8) и државјаните на Луксембург (6.7).
За да купат iPhone 11, најмногу работни денови им се потребни на жителите на Таџикистан (204.3), Пакистан (134.9) и Узбекистан (125.7).