102-годишниот Боб Волмер кој важи за најстар државен службеник во американската сојузна држава Индијана, а и во светот, одлучи да се пензионира по речиси шест децении работа
После 58 години работа, американецот Боб Волмер реши да и стави крај на својата кариера како геодет во Министерството за природни ресурси во сојузната држава Индијана. Тој започнал да работи во министерството во далечната 1962 година.
Инаку, ветеранот од Втората светска војна кој се уште работи на терен собирајќи податоци и маркирајќи граници на имотот со кој управува Министерството за природни ресурси одлучил да се пензионира бидејќи како што вели тој “неговото тело конечно му кажува дека е време за пензија“.
Своите пензионерски денови, Волмер планира да ги посвети на читање и земјоделство. Тој исто така планира да отпатува до некои од островите на Јужниот Пацифик каде што ја извршувал својата воена служба со американската морнарица.
Неговиот последен ден на работа ќе биде на 6 февруари.