Постои правилен и погрешен начин како да се држи чаша со вино. Чашите со вино секогаш треба да се држат за столчето на чашата, а не за садот, бидејќи топлината на раката ќе ја зголеми температурата на виното.
Освен на овој начин, естетски убаво е винска чаша да се држи за подножјето.
За црвено вино одговара винска чаша со поголем сад, бидејќи од ваква чаша со поголем волумен, најлесно се ослободува аромата на црвеното вино. За бело вино одговара нешто потесна чаша, а чашите за шампањ или пенливи вина се најтесни, бидејќи во вакви чаши најдолго се задржува јаглерод диоксидот кој е посебно важен кај овие напитоци.