Во својот пост, Берни Рифкинд, кој работи како извршен директор на една регрутерска компанија, опишува ситуација во која едно утро затекнал една од неговите вработени како плаче на своето биро.
Живееме во време кога се поголем број луѓе работат и по завршувањето на работното време, а тоа резултира со негативни импликации врз нивното физичко и ментално здравје. Соочени со економска неизвесност, многумина се плашат да земат слободен ден од работа со цел да се посветат на својот приватен живот, што е можеби причината зошто овој пост на LinkedIn објавен од страна на еден извршен директор стана вирален.
Во својот пост, Берни Рифкинд, кој работи како извршен директор на една регрутерска компанија, опишува ситуација во која едно утро затекнал една од неговите вработени како плаче на своето биро.
Тој ја прашал што не е во ред и таа одговорила дека цела ноќ останала будна бидејќи се грижела за своето болно дете.
Кога ја запрашал зошто се нафатила да дојде на работа со оглед на околностите, таа одговорила дека ги искористила сите слободни денови, а поради нејзината финансиска ситуација не била во можност да земе неплатен одмор.
Па, што направил директорот?
“Ја испратив дома и и ветив дека нејзиното отсуство ќе и биде платено“, напиша тој во неговата објава. “Покрај тоа, на лице место и напишав чек за да и помогнам да ја надмине својата финансиска ситуација. Таа беше неверојатно благодарна. До ден-денес, таа е мојата најдобра вработена, не само поради нејзиниот талент, туку и поради нејзината лојалност“, вели тој.
Неговата објава на LinkedIn за многу кусо време стана вирална со повеќе од 73.000 лајкови и илјадници коментари од луѓе кои рекоа дека посакуваат и тие да имаат одличен шеф како него.