Учениците од основното општинско училиште „Крсте Мисирков“ од Куманово второто полугодие на часовите ќе останат без мобилните телефони.
Согласно, Кодексот на однесување на училиштето, од почетокот на второто полугодие, сите наставници и ученици за време на часовите мобилните телефони ќе ги ставаат во остава за телефони, односно прегради специјално направени за таа намена.
Надлежните од училиштето, ова го опишуваат како нов момент во наставата на оваа образовна институција.
Целта е мобилните телефони од кои денеска децата се зависни од мали нозе, да не го попречуваат редовното одвивање на наставата, одвлекувајќи го нивното внимание.