Познато е дека секој ден во месецот има своја нумеричка вибрација, така секој час во денот има одредена астролошка фреквенција, која влијае на нашиот биоенергетски набој.
Од 24:00 до 02:00 се раѓаат најрадозналите луѓе и „најжедните“ за знаење.
Од 02:00 до 04:00 се раѓаат вредни луѓе, цврсто ориентирани кон материјализмот.
Од 04:00 до 06:00 се раѓаат храбри личности, кои можат да ги надминат сите животни препреки и поседуваат лидерски способности.
Од 06:00 до 08:00 се раѓаат мистични луѓе и луѓе со одлична духовна организација, поседуваат посебна способност за емпатија.
Од 08:00 до 10:00 се раѓаат хуманисти и многу шармантни луѓе.
Од 10:00 до 12:00 се раѓаат активни луѓе, оние кои сакаат да го променат светот кон подобро. Ним амбициозноста не им е силна страна.
Од 12:00 до 14:00 се раѓаат необични луѓе. Сакаат ризик и авантури и имаат бујна фантазија.
Од 14:00 до 16:00 се раѓаат силни луѓе, способни да ги совладаат сите потешкотии.
Од 16:00 до 18:00 се раѓаат мирољубиви луѓе кои ја поседуваат способноста да ја согледаат ситуацијата во целина, ова се луѓе со многу добар карактер.
Од 18:00 до 20:00 се раѓаат луѓе со силна волја, способни за предизвици.
Од 20:00 до 22:00 се раѓаат „ѕвездите“, за нив не е погодна скромна улога во животот.
Од 22:00 до 24:00 се раѓаат филозофи со хармоничен внатрешен мир, кои понекогаш наидуваат на недоразбирање од другата страна.