Дали некогаш ви се има случено да легнете порано со цел да се разбудите посвежи и поодморени за на работа, а сепак да се разбудите уморни? Е па изгледа дека сами себе си го ускратувате одморот – со спиење, колку и да звучи тоа противречно.
За среќа, експертите дизајнираа т.н “калкулатор за спиење“ со чија помош може да пресметаме кога точно треба да одиме во кревет ако сакаме да се разбудиме свежи следниот ден.
Најпрво, на сонот не треба да гледате како на активност од осум часа, туку повеќе како на циклус од 90 минути. За време на овој циклус, телото поминува низ пет фази кои се клучни за закрепнување, како што се лесен сон, длабок сон и REM фазата во која сонуваме, па токму затоа доколку сакате добро да се наспиете, треба да го одредите вистинското време за одење во кревет и будење.
За да се разбудите наспани, вашиот будилник мора да биде поставен на крајот од циклусот. Токму затоа, спиењето од 8 или повеќе часови резултира со ненаспаност – тоа значи дека се будиме среде циклус.
Како да се разбудиме наспани?
Калкулаторот за спиење проценува дека во просек се потребни 14 минути за еден човек да заспие. Затоа, ако вашиот аларм е наместен за во 7 часот наутро, тогаш треба да бидете во кревет во 21:46. Ако не успеете да си легнете толку рано, вашиот следен термин за идеален сон е 23:16. Но, доколку некогаш се случи да останете будни и после полноќ, експертите препорачуваат да легнете во 00:46 или во 02:16.
Ако треба да станете 1 час порано (во 06:00), тогаш идеалните термини за легнување се 20:46, 22:16, 23:46 и ако навистина треба да останете будни после полноќ во 01:16.
Запомнете дека добро спиење не значи да си легнете порано туку да заспиете и да се разбудите во вистинско време. Со други зборови, возможно е да бидете наспани и со сон од четири и пол часа.