Коко Шанел еднаш има речено – парфемот треба да го нанесете на сите оние места каде што ве бакнуваат. Таа навистина беше во право!
Парфемот што го користите може да биде една од главните карактеристики што вашиот љубовник ќе ги препознава кај вас и на кои постојано ќе им се покорува. Токму затоа се обидовме да ги наброиме сите оние жешки точки, каде е најдобро тој да се нанесе и каде ефектот ќе биде најголем. Но, најпрво да тргнеме со неколку правила поврзани со она што не треба да се прави.
Прво правило
Парфемот не треба никогаш да го нанесувате на оние места кои се директно изложени на сонцето, бидејќи во тој случај можат да ви се појават темни флеки.
Второ правило
Најдобро е парфемот да го нанесете барем половина час пред излегување, како мирисот би го достигнал саканиот интензитет и не би бил пресилен за околината.
Трето правило
Зад ушите е идеално место за нанесување на парфемот, особено затоа што ова место е доволно сокриено и со тоа парфемот ќе ви трае подолго време
Четврто правило
Вратот исто така е едно од главните места каде треба да го нанесете парфемот, но избегнувајте тоа да го правите во близина на штитната жлезда.
Петто правило
Неколку капки на вашите зглобови, а преку лето и на колената, ќе го зголемат пријатниот ефект што ќе го оставате онаму каде што ќе се појавите.
Шесто правило
Ставете малку парфем на коренот на вашата коса, така што при секое нејзино движење вие ќе оставате пријатни траги во просторот.
Седмо правило
Неколку капки на вашето деколте. И навистина, Коко Шанел била сосема во право, нели? Парфемот е најдобро да се нанесува на сите оние делови каде најчесто ве бакнуваат. Генијално!