Додека во Македонија сме научени често да слушаме критики на сметка на вработените во државната администрација, во Јужна Кореја ситуацијата е малку поинаква бидејќи таму овие вработени работат толку многу што државата мора да ги “избрка“ со сила од работа преку употреба на различни методи – секој петок ќе им ги исклучува компјутерите за луѓето еден ден пред викенд да не остануваат после работа.
Во оваа земја вработените во државната администрација во просек работи дури 2.739 часови годишно, што е многу повеќе во однос на просекот во другите развиени земји. Воркохолизмот во Јужна Кореја негативно се одразува врз стапката на бројот на новороденчиња и го зголемува бројот на самоубиства.
Ако мислите дека после оваа мерка државните службеници во Јужна Кореја се среќни бидејќи секој петок ќе мораат да заминат од работа порано и одат на кино или да поминат заедничко време со семејството – се лажете.
Имено, според последните анкети дури 67 проценти од вработените во државните институции бараат т.н “петочно правило“ да се пролонгира за уште барем 1 час за да може да останат подолго на работа.