Богатството на Џеф Безос е проценето на 121.1 милијарди долари. Тој ги откри неговите секојдневни навики, кои можеби нема да ве направат богати, но сигурно ќе бидете поуспешни.
Никаде не брза наутро
Додека луѓето стануваат од кревет и сакаат да завршат сѐ што е можно побрзо. Безос работите ги завршува полека. Тој никогаш не навива аларм, туку си дозволува себеси природно да се разбуди. А потоа поминува време читајќи вести и уживајќи во доручек со сопругата и децата.
Сите важни состаноци ги завршува пред ручек
Прашајте кој било експерт за продуктивност и ќе ви каже дека секогаш треба прво да се решаваат најтешките задачи. Меѓутоа, сите понекогаш одолговлекуваме до последен момент, па дури и кога се важни роковите во прашање.Безос обично ги закажува своите состаноци пред ручекот. Обично тие состаноци почнуваат од 10:00 часот по лесната утринска рутина.
Сам ги мие садовите
Иако неговата сопруга ја нема потврдено оваа информација, Безос вели дека миењето на садовите по ручекот е нешто „најсексапилно што го прави“. Неколку истражувања покажуваат дека токму ова има позитивен ефект кај луѓето.Тие кои мијат садови се покреативни, зашто простата механичка задача дозволува да размислувате за повеќе работи.
Спие осум часа дневно
Колку и да се храните здраво или да одите во теретана, доколку немате здрав сон кој ве одмора ќе бидете во големи проблеми.Поради тоа Џеф се труди секоја вечер да има барем осум часа сон. Еднаш рече дека оваа навика му е важна зашто подобро размислува и има подобро расположение.
Планира на подолги стази
Во случај да не сте знаеле, интернет страницата Амазон првично продаваше книги. Со време, работата напредуваше, а Безос жртвуваше неколку работи за да може да стигне до крајната цел.Во работата, како и во животот, способноста да се види пошироката слика или да се види години и децении напред ќе биде тоа што ќе ве извдојува од другите.