Овој документ ќе претставува потврда за движење на работникот во услови на полициски час и истиот ќе треба да се приложи на увид до органите на државата
Вработените во производствените погони и фабриките во кои работното време е организирано во смени додека трае полицискиот час , ќе може да се движат со посебна дозвола која ја издава работодавачот.
Дозволата треба да содржи основни податоци за работникот, адреса на живеење, работно место и смена во којашто е ангажиран вработениот. Освен тоа, за дозволата да биде валидна се пополнува и називот на компанијата, а треба да го содржи и меморандумот на компанијата како и потпис од одговорното лице во компанијата.
Овој документ ќе претставува потврда за движење на работникот во услови на полициски час и истата ќе треба да се приложи на увид до органите на државата.
Дозволата за движење ќе важи исклучиво за лицето на чиешто име е издадена.
Официјалниот образец / потврда, што секој работодавач во приватна фирма треба да го издаде на вработените кои е неопходно да работат во смени, односно после 21:00 часот, можете да го најдете на овој линк.