Овој потег на компанијата е благодарност за дополнителниот ангажман на работниците и нивниот придонес во борбата против коронавирусот.
Компанијата Сапонија донела одлука да ги награди своите вработени со еднократна награда од 1000 куни и на тој начин да им се заблагодари за нивната несебична работа за време на епидемијата.
Поради потребата од нивните производи, во Сапонија се произведуваат производи со зголемен капацитет како би се задоволила зголемената побарувачка периодов. Оваа компанија, која веќе 126 години се грижи за хигиената на луѓето и нивните домови, чувствува посебна одговорност пред граѓаните на Хрватска и прави се што е потребно за нормално функционирање на производството.
Вработените во Сапонија отсекогаш биле екстра ангажирани кога имало потреба и затоа веруваме дека со нивниот придонес полесно ќе се преброди оваа ситуација, е дел од изјавата.
Производите како Ornel, Arf, Bis и Kalodont се само дел од производите по кои оваа компанија е позната.