Секој изминат ден е трошок кој угостителите не можат да си го дозволат од сопствени извори на финансирање
– Овие субјекти се микро и мали, а поради Уредбата имаме нула приходи во дејноста, па не можеме да ги покриеме трошоците. Повеќето од нас користат кредити од комерцијалните банки за кои се уште нема одлука за мораториум како во другите држави. Би биле презадоволни доколку за нашата дејнот може да се изнајде начин да се донесат конкретни мерки кои ќе нѐ одржат во живот, рече Ангеловски на прес-конференција, рече Ангеловски.
– Консултиравме повеќе од 1.000 угостителски објекти зашто не сме во можност да ја издржиме состојбава без адекватни мерки на Владата и банките. Целта на мерките за помош што ги предлагаме не е за спас на изгубени добивки, туку да се успее да се преживее оваа агонија на неизвесност и на штети настанати од оваа светска пандемија, која секој ден се повеќе врши притисок да се затворат овие деловни субјекти и да останеме без работа, истакна Ангеловски.
– Предложениот пакет мерки ќе стапи во сила од април, а ние веќе повеќе од половина месец сме без никакви приходи. Ова немаше да е проблем да се преброди кризата ако заврши утре или ако знаеме што ќе се случува и во кој рок. Ние моментно имаме проблем со платата за март, бидејќи нема никакви приходи, ни останаа залихи, задолжени сме со кредити, а не знаеме како мислат надлежните да се најдат средства да се платат придонесите за април и за мај. Имаме големо разбирање за моменталната состојба и сме подготвени да помогнеме во рамки на нашите можности, како на пример со залихи со храна и обезбедување оброци за лицата што се во изолација, за полициските пунктови кои ќе бидат неопходни за спроведување на полицискиот час и секаде каде ќе има потреба. Се што е во наша можност, ставаме на располагање за доброто на сите. Доколку нема предвидена помош со која ќе можеме да се одржиме, потребно е веднаш да ни биде соопштена таа одлука, за да може вработените кои ќе бидат одјавени и ќе останат без работа заклучно со 31.03, да аплицираат навремено за други мерки за помош за да не останат без никаков приход. За оние што ќе опстојат кога ке помине кризата, кога ќе се отворат услови за рестартирање солидарно сите повторно ќе бидат пријавени на работа, рече Ангеловски.