Ново настанатата ситуација го измени нашето секојдневие, го отежни животот на сите нас, но особено погодени се социјално загрозените семејства. Станува збор за сиромашни семејства кои живеат во тешки услови, претставуваат ранлива категорија на граѓани, кои тешко ги преживуваат овие денови во само изоалција.
За таа цел како општествено одговорна компанија – Лакталис МК и брендот Алпско во соработка со Општина Центар и невладината организација “Банка за Храна”, реализираа донација од 2300 парчиња Алпско млеко, Алпско Јогурт и Aлпско кисело млеко без лактоза за социјално загрозените семејства од оваа општина.
Оваа донација е најдобар доказ за постоењето на хуманост, взаемност и солидарност, како и силна желба за пружање помош и поддршка на најранливите категории граѓани. Се надеваме дека оваа донација со неопходни млечни производи ќе им го олесни извесен период секојдневието на овие најзагрозените семејства, кои најчесто се повеќечлени домаќинства и на кои секоја донација им е добродојдена” – изјавија од Лакталис МК.
Лакталис МК како компанија со вградена корпоративна општествена одговорност во своето работење, континуирано се труди да помага на локалната заедница, придонесувајќи кон создавање дух на солидарност, пријателство и соживот. Оваа донација е само еден од низата чекори кои ги презема Лакталис МК за обезбедување достоинствен животен стандард за оние кои имаат потреба од помош, дополнително изјавија од компанијата.