Музичката легенда Ед Ширан ќе им исплати цела плата на вработените во неговиот ресторан “Берти Блумс” во Лондон.
И покрај целата криза во угостителскиот сектор, англискиот музичар Ед Ширан ќе им исплати цела плата на своите вработени.
Тој им порача додека се дома, да се обидат да најдат дополителна работа или да волонтираат.
Музичарот, чие богатство се проценува на 200 милиони фунти, на десетте вработени им рекол дека не треба да се плашат дека ќе останат без работа или пари додека трае пандемијата.
Ед им рече на сите да не се грижат, тој ќе ги покрие нивните сметки и ќе ги види сите кога ќе помине оваа ситуација во светот и кога се ќе се врати во нормала, изјавил близок пријател на Ширан.
Ресторанот на Ширан започна со работа во ноември 2019 година и е многу популарен кај познатите личности во Лондон.
Браво за Ед Ширан!