Колку доставата на храна е безбедна во овие моменти е грижа за граѓаните низ целиот свет. Светските експерти кои го следат ширењето на пандемијата тврдат дека можноста за пренесување на корона вирусот е мала, но сепак се препорачува претпазливост.
Како што неодамна пренесе CNN, Управата за храна и лекови на САД (FDA) на својата веб-страница објави дека нема официјален извештај што би укажал на тоа дека новиот вирус се пренесува преку храна или пакување. Сепак, постојано се апелира почитување на мерките за хигиена и не се исклучува дека вирусот, понекогаш, може да се најде на храна или пакување, но дека ризикот е многу мал.
Граѓаните се доста исплашени, внимателно ги допираат намирниците и амбалажите, плашејќи се да купат овошје и зеленчук и се во дилема дали би можеле да се заразат преку доставена храна. Јасно е дека контакт со снабдувачот е најризичен и експертите укажуваат на тоа.
Во Србија официјално постои мерка каде испорака е дозволена само без контакт со клиентот. Некои компании за испорака на храна веќе го применуваат ова, но условот е нарачката однапред да биде платена со картичка. Добавувачот ја остава нарачката на договореното место пред вратата, а потоа телефоски го известува купувачот дека истата е пристигната. Притоа чека, стоејќи на оддалеченост од минимум 2 метри, за да се увери дека купувачот ја презел нарачката. Тешко е да се контролира дали баш сите се придржуваат до овие правила, па затоа се препорачува купувачите да инсистираат на ваквите правила при испорака.
Вирусите генерално не се стабилни при високи температури над 100 Целзиусови степени. Преку готвење на овие температури вирусот умира. Една од дополнителните мерки за заштита е овошјето и зеленчукот добро да се мијат и потоа да се изљупат. Кога станува збор за испораката на храна, потребно е доставата да биде во затворен сад и потребно е лицето што ја доставува да носи маска и ракавици, дури и ако се нема никаков контакт со купувачот, вели професорот Иван Станковиќ, претседател на Националниот совет за безбедност на храна.
Оваа мерка би била доволна. Ширењето на вирусот преку храна теоретски е возможно. Но, ако се грижите, ги миете рацете и одржувате хигиена, тоа веројатно нема да се случи, објаснува Станковиќ.
На прашањето дали има официјални препораки што во итен случај го регулираат снабдувањето со храна, Душан Љуштин од Министерството за земјоделство изјави дека испораката е дозволена само за оние компании кои имаат можност доставата да ја направат безконтакна.
Сите регистрирани угостителски објекти се затворени, освен оние кои можат да доставуваат храна без доставувачите да имаат контакт со купувачите. За нив, како и оние кои испорачуваат храна во маркетите, хигиената треба да им биде на највисоко ниво, вработените мора да бидат со маски и ракавици и да се почитува растојанието, додава Душан.