Постојат неколку едноставни начини на кои, со мали промени во навиките, можете рационално да ја користите електричната енергија и да заштедите пари.
Строгите правила за однесување среде епидемијата на коронавирусот целосно го променија начинот на работа. Голем дел од луѓето се приморани да работат од дома, па така престојот на повеќе луѓе во затворен простор носи со себе многу предизвици, а еден од нив е како да ги користиме енергетските ресурси без да се зголемат сметките.
Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да заштедите електрична енергија во вашиот дом за време на кризата:
Користете продолжен кабел со повеќе приклучови и копче за вклучување
Кога ќе завршите со работа, само притиснете едно копче и сите уреди се исклучени.
Исклучете screensaver
Screensaver-от на екранот ја зголемува потрошувачката на енергијата и не е потребен кај современите монитори. Наместо тоа, подобро е да го исклучите мониторот доколку подолго време не планирате да го користите уредот.
Користете “sleep mode”
Компјутерот и мониторот задолжително вклучете ги на режим на мирување. Оваа поставка се наоѓа на контролниот панел, под ставката “power option”. За разлика од опцијата “stand by”, “sleep” му овозможува на компјутерот целосно да сеисклучи, а може повторно да се вклучи многу брзо.
Исклучете го рутерот
Доколку рутерот не го користите постојано, истиот не мора да се постојано вклучен бидејќи на тој начин заштедувате енергија. Ова треба да го знаете бидејќи дури и кога не користите интернет, рутерот троши електрична енергија.
Користете дневна светлина
Работете на место до кое продира дневната светлина. Кога надвор е тмурно, користете ламби чија светлост може да се подеси за да не работи со полн капацитет.