Во време на криза кога голем дел од компаниите во нашата земја и во светот го намалуваат својот обем и отпуштаат работници, ви го пренесуваме позитивниот пример за една босанска компанија која не само што не остави ниту еден работник на улица, туку им ја зголеми и нивната плата.
Станува збор за компанијата Ражаница од босанскиот град Брчко која одлучи да им ја зголеми платата на своите вработени за време на пандемијата и на некој начин да им помогне на тие што се директно изложени на потенцијалната зараза.
Повисока плата ќе добијат вработените во продавниците, транспортот и испораката на производи.
Наместо да го намалиме обемот на работа како многу други компании, ние отворивме и четврти сегмент на продажба на нашата платформа ZIRA.PRO со што им помагаме на граѓаните и во овие моменти да бидат снабдени без да мора да ги напуштаат своите домови. Отсега, многу лесно може да се нарачаат сите производи кои ви се потребни, а ние ќе ги доставиме на посакуваната адреса, работиме брзо, а им овозможивме на корисниците од другите земји да можат да платат преку paypal доколку сакаат да купат нешто за нивните родители во БиХ, без притоа да се изложуваат на било какви непријатности кои би го нарушиле нивното здравје, велат од компанијата за порталот Otisak.
Секој што има потреба од некој производ, може да го нарача истиот преку веб продавницата ZIRA.PRO.