Доколку граѓаните имаат потреба од итна медицинска помош, можат да заминат и без потребните дозволи за движење во полициски час. Ова го кажа заменичката на министерот за внатрешни работи Славјанка Петровска. Во случај да бидат запрени од полиција треба е да кажат каде одат. Во итни медисцински потртеби, времето за интервенција е драгоцено и нема да имаат потреба да се јавуваат на 192 ниту да бараат дополнителна дозвола за движење. Меѓутоа, доколку тоа го злоупотребат, ќе следат санкции.
-Доволно е да се упатат до најблиската болница и доколку бидат сопрени од полициските патроли доволно е само да кажат дека од здравствени причини се упатуваат до одредена локација и точно да кажат во која болница се упатуваат. Тие ќе бидат евидентирани и ќе бидат пропуштени, објасни Петровска.
Подоцна полицијата ќе изврши контрола преку систем дали навистина лицето се упатило на таа адреса. Доколку се потврди дека лицето е таму и се наоѓа во некоја здравствена установа ќе нема никакви реперкусии, но доколку се утврди дека го злоупотребил полицискиот час ќе следат санкции.