Овен (21.03 – 20.04)
Многу поволен ден за повеќето претставници на вашиот знак, особено за оние директните, кои одат директно кон целта. Имате поддршка од еден Лав или некој Рак додека Бикот е прилично дискретен во начинот на кој ги подржува вашите замисли и идеи. Работењето со некој Јардец ви носи многу сатисфакција. Ако се занимавате со спорт или сте присутни во медиумите, очекувајте успех.
Бик (21.04 – 21.05)
Денот им одговара на годрите Бикови кај кои сепак преовладува практичната страна на нивната личност и кои не дозволуваат ништо да ги поколеба кога станува збор за нивните интереси. Можна е понуда од медиумски и финансиски силна приватна компанија. Ќе ви се јави некој Јарец со желба да ја обновите соработката. Ќе ви одат од рака работите со недвижнини.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Имате преголеми очекувања како од себе така и од колегите и претпоставените, дури и од оние за кои знаете дека нема да ви излезат во пресрет. Ако сте притиснати од роковите или некои услови кои не ви одговараат, обидете се да направите некој друг вид на договор. Можно е некој Рак, Шкорпија или Јарец да ви прават проблеми. Верувате дека ќе успеете да ја надмудрите конкуренцијата.
Рак (22.06 – 22.07)
Подготвени сте максимално да се посветите на некоја нова работа. Со задоволство им давате на другите совети и пари, а за себе не размислувате. Денес можеби ќе бидете непредвидливи во своите постапки и одлуки. На некого сте му лути и денес јасно ќе му го кажете тоа.
Лав (23.07 – 22.08)
Многу сте конфузни во поглед на она што го сакате, а вашите цели во моментот се прилично неостварливи. Би било добро да бидете подобро организирани меѓутоа вие се однесувате како да не знаете што сакате. Подготвени сте да се вклучите во нови проекти бидејќи целта ви е да стекнете финансиска стабилност. Избегнете ги расправиите со Овен. Тој ви посакува добро исто како и една Водолија.
Девица (23.08 – 22.09)
Премногу очекувате од оние кои се прилично тврдоглави или уверени дека само они се во право. Денот влијае на вас во позитивна смисла ако сте уметник или ако се занимавате со некоја конкретна работа. Имате начини како да убедите некој Бик, Рак или Јарец дека заеднички е интересот да бидат кооперативни. Некои приватни проблеми ќе ви донесат солзи.
Вага (23.09 – 22.10)
Денес можете да добиете понуда од страна на пријателите која се однесува на некоја заедничка работа или проект во доменот на уметноста, односите со јавност или во рамките на некој ваш проект од кој многу очекувате. Ако немате работа, ќе пронајдете решение со помош на некој близок член од семејството.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Не би требало премногу да се возбудувате на деловен план, особено не ако вашиот претпоставен е Овен, Водолија или Вага, или ако некој Лав ве нервира со неговиот наметлив став. Ќе најдете начин како да ги уверите дека сте во право. Научете се подобро да го организирате секојдневниот живот, преморени сте и не сте доволно ефикасни.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Се чувствувате добро во друштво на интелектуалци и лица со кои имате за што да зборувате, се чувствувате добро и во некое динамично друштво, од каде црпите енергија. Можете да добиете добар совет во врска со новата работа, најверојано приватна или ќе добиете добар совет во врска со финансиите. Се плашите дека некој Овен или Водолија ќе ви постават невозможни услови.
Јарец (22.12 – 20.01)
Некој ќе ви понуди ново работно место, можно е некој Лав или Рак, а вие за таа понуда ќе ја послушате Шкорпијата која ќе ве убеди да не ја прифатите работата. Не стапувајте во контакт со униформирани лица и не се расправајте со Девица или Риби. Ќе добиете повик од странство кој ќе ве заинтересира во голема мера, бидејќи ќе ви донесе некоја нова можност.
Водолија (21.01 – 19.02)
Ако на работа сте опкружени со непријатни лица кои често ве критикуваат или ви завидуваат, пронајдете дипломатски начин како да им се спротивставите. Ќе добиете понуда од некој Овен која на прв чекор ќе ви изгледа малку глупава, но откако убаво ќе ја разгледате ќе сфатите дека станува збор за добра можност. Со некој Лав или Рак нема да знаете како да излезете на крај.
Риби (20.02 – 20.03)
Верувате дека имате многу силна конкуренција и дека ќе ви бидат потребни многу попаметни потези со цел да не бидете загрозени. Ќе добиете прекрасна понуда и предлог да се сретнете со некој кој одамна исчезнал од вашиот живот. Сакате да добиете на време и постојано ги одложувате одлуките. Можно е зголемување на трошоците.
netpress.com.mk