Масовното тестирање во Банско започнa утрово во 10:30, треба да се утврди дали е воспоставен колективен имунитет на коронавирусот откако градот бил ставен под карантин 14 дена.
Градот брои 9800 жители а набавени се вкупно 3000 тестови. Од кои 1000 од државата а 2000 се донација на пратеник
Со овие тестови и тестовите кои пристигнуваат од Националниот оперативен штаб, тестирањето на граѓаните на Банско ќе започне утре - 12.04.2020 (недела). Постапките ќе бидат извршени во Медицинскиот центар „Свето Благовештение“ од медицински специјалисти во согласност со постапката утврдена од Општинскиот кризен персонал. Благодарение на обезбедениот доволен број тестови и донираните, ќе можеме да тестираме и голем број жители на градот Банско, како и граѓаните на градот Добриниште и селата на Општина Банско.
Бараме граѓаните да с епридржуваат до списоците да не доаѓаат самоиницијатицно и да ги следат упатствата на Општинскиот кризен кадар, рече Иван Кадев, градоначалник на Банско
Прво, ќе бидат испитани полицајци, кои за време на празникот ќе преземат одговорност за одржување на рестриктивни мерки и јавниот ред: „За да избегнеме групирање, ќе се обидеме да ја завршиме работата што е можно посигурно и за тоа барам и разбирање и од самите граѓани “.