![Се продолжува карантинот на 21 ден за државјаните кои се враќаат од земјите со највисок ризик](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/ba/02e704ab-resize-820x0x100.jpg)
Мерката строга изолација за македонските државјаните кои се враќаат од земјите со највисок ризик ќе изнесува 21 ден.
Владата денеска одлучи дека треба да се продолжи.
Донесена е Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за спроведување на задолжителен државен карантин на државјаните на Република Северна Македонија вратени од странство со хуманитарни летови, според која оваа Одлука важи и за државјани на Република Северна Македонија, вратени од странство и со конвои по копнен пат.