![Очекувајте врнежи од дожд и снег - УХМР со детална временска прогноза](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/be/5872aceb-resize-820x0x100.jpg)
Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, особено во попладневните и вечерните часови, кога на места ќе бидат пообилни.
Ќе дува засилен југозападен ветер, кој кон крајот на денот ќе го промени правецот во северен и во текот на ноќта ќе услови врнежи од снег на планините и на некои повисоки места.
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната од 14 до 20 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, кога ќе дува засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 17 степени.