На млад татко од Австралија кој ја загубил работата поради пандемијата конечно му се насмевнала среќата и на лото освои 4.8 милиони австралиски долари.
За јавноста анонимен, но за неговата приказна пишуваат сите медиуми во светот. Добивката нема да му биде исплатена веднаш, но во следните 20 години секој месец на неговата сметка ќе легнуваат по 10.205 долари.
Кога сфатив дека јас сум добитник, ја разбудив сопругата, а таа почна да вреска. Безброј пати проверив да бидам сигурен. Не спиевме, правевме планови. Тоа е прекрасно чувство. Ние сме младо семејство со бебе, а ова ќе не обезбеди до крајот на животот, вели тој за АП.
Познато е само дека е во дваесеттите години и дека живее во Аделаида
Неодамна ја изгубив работата поради ковид-19, а ова е големо олеснување. Бев под голем стрес, а сега сум пресреќен. Тоа ни дава финансиска поддршка. Можностите се неограничени. Прекрасно чувство, не можам да бидам посреќен. Мојата сопруга веќе планира да купиме нов автомобил и куќа, и тоа не каква и да е куќа, туку таква каква што замислуваваме, вели тој.