Според него, во Бугарија има 84 Ролс-Ројсa, 241 Бентли, 54 Мајбаха, 22 Ламборџинија, 311 Масератија и 280 хамери.
Бројни бугарски бизнисмени побарале помош од државата за да се справат со загубите кои ги претрпеле нивните бизниси поради пандемијата Ковид-19.
Но, премиерот Бојко Борисов им возврати со едноставен одговор што предизвика вистинска бура во јавноста.
На барањата и критиките од бизнисмените, Борисов им порача дека тие најпрво треба да ги продадат луксузните автомобили што ги поседуваат за да најдат пари за да ги исплатат работниците.
Тој потсети дека Бугарија е меѓу земјите со најмногу луксузни автомобили.
Според него, во Бугарија има 84 Ролс-Ројсa, 241 Бентли, 54 Мајбаха, 22 Ламборџинија, 311 Масератија и 280 Хамери.
Наместо да отпуштате работници, можете да го намалите бројот на луксузни автомобили што ги имате, порача Борисов.