Француската влада соопшти дека ќе им исплати бонус до 1.500 евра на сите здравствени работници кои се директно вклучени во негата на пациентите заразени со коронавирус.
За персоналот на болниците ќе следува награда од 500 евра, а оние медицински лица кои работат директно со заразените пациенти со „Ковид-19“ ќе добијат бонус од 1.500 евра, изјави денеска францускиот премиер Едуард Филип, пренесува Си-Ен-Ен.
Прекувремените работни часови ќе се плаќаат за 50% повеќе за медицинските работници кои работат прекувремено.
Премиерот додаде и дека од Емануел Макрон добил барање да им се дадат бонуси и на персоналот на старечките домови и на старателите кои се грижат за заразените од коронавирус во самоизолација.
Тој објави и дека е подготвен пакетот мерки за спасување на економијата во износ од 110 милијарди долари.