Пандемијата на коронавирусот и мерките за спречувње на ширењето на инфекцијата тешко го погодија словенечкиот пазар на труд.
Според податоците на државниот Завод за вработување, вкупниот број на невработени лица во Словенија се зголемил за 4.922 само во првите осум дена од април.
Податоците од Заводот за вработување сигнализираат дека бројот на невработени нагло расте од ден на ден, додека вкупниот број на невработени се искачил на 82.777, објави СТА.
Помеѓу 1 и 8 април 6.093 лица официјално ги загубиле своите работни места, а во меѓувреме 1.169 лица биле избришани од регистарот на невработени, од кои само 817 пронашле работа.
Министерот за труд Јанез Циглер Краљ во вторникот пред новинарите кажа дека внимателно ги следи трендовите на невработеност и е задоволен што се уште нема масовни отпуштања.
Тој рече дека приоритет на министерството е да се задржат што е можно повеќе работни места и да им се помогне на најранливите групи.