Почнувајќи од утре се намалуваат рестрикциите во движењето.
Секој работен ден од понеделник до петок на граѓаните ќе им биде дозволено движење од 05:00 до 19:00 часот. Забраната за движење на територијата на цела држава се намалува на 10 часа и ќе важи од 19:00 до 05:00 часот.
За лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење секој работен ден од 05 часот наутро до 12 на пладне.
Младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од понеделник до петок од 13:00 до 19:00 часот.
Се намалува и ограничувањето на движење за време на викендите.
Од сега забраната за движење за викенд ќе почнува од 15:00 часот во сабота, а ќе трае до понеделник до 05:00 часот наутро.
Во сабота, за лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот наутро.
Младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од 12:00 до 15:00 часот.
Од утре па се до прогласувањето крај на пандемијата, стапува на сила задолжително носење на заштитни маски на сите места каде е невозможно да се одржи потребното физичко растојание од два метри, објави на денешната прес конференција техничкиот премиер Оливер Спасовски.
Заштитна опрема е задолжително да се носи во сите затворени простории каде има повеќе лица. На отворени места, заштитна опрема се носи на пазари и места каде нема можнсот за физичка дистанца од два метра.
Како што кажа тој, носењето маска не е задолжително при престој во сопствениот двор, спортување на отворено, возење велосипед, или во патничко возило со лица од исто семејство.