Skype отсега ви дозволува да ја замаглите или промените позадината додека имате видео разговор!
За да се поврзат со колегите или да одржат состаноци со клиентите, луѓето прибегнуват кон видео повици како одлична алтернатива за време на пандемијата. Во услови на зголемена побарувачка за апликации за видео повици, Мајкрософт пушти нов апдејт на Skype кој им овозможува на корисниците да додаваат сопствени позадини на нивните десктоп повици.
Еве како можете да ја промените или замаглите вашата позадина за време на видео повик на Skype
Чекор 1: Прво, проверете дали ја имате преземено најновата верзија на Skype на вашиот уред. Од Skype велат дека новите функции не се достапни за 14-тата верзија на Windows 10.
Чекор 2: За време на повикот, кликнете на копчето за видео (икона за видео камера) или кликнете на менито „повеќе“ (три хоризонтални точки).
Чекор 3: Кликнете на копчето за избирање на ефект на позадината.
Чекор 4: Изберете опција „замаглување“ и позадината на вашиот повик ќе биде замаглена.
Чекор 5: Изберете ја опцијата „додај слика“ и изберете датотека што сакате да ја прикачите. Можете исто така да додадете нова слика за да ги прилагодите ефектите на позадината.
Мајкрософт исто така потврди дека со новиот апдејт се поправени одредени багови и е подобрена стабилноста на апликацијата.