Ќе се лета на сите дестинации освен Малта
Компанијата WizzAir ја продолжи суспензијата на услуги на повеќето пазари во поранешна Југославија, поради новонастанатата ситуација со коронавирусот.
Превозникот, кој првично планираше да ги започне услугите од регионот на 1 мај, сега ги одложи повеќето летови до средината на мај или почетокот на јуни. Понатамошни промени остануваат можни известуваат од компанијата.
Авионите на WizzAir повторно од Скопје и од Охрид ќе летаат од 17-ти мај на сите дестинации освен Малта. Од 2 јуни ќе се лета и за Малта.
– WizzAir искрено се извинува за нарушувањата што патната забрана може да им донесе на клиентите и уверува дека безбедноста и благосостојбата на нејзините патници и членови на екипажот останува врвен приоритет на авиокомпанијата, се вели во соопштението на компанијата.