![Во некои од нив одевте на одмор, сега може да ги купите - 70 хотели на Халкидики на продажба поради Корона кризата](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/8b/7b319fb8-resize-820x0x100.jpg)
Oколу 70 хотели на Халкидики ставени се на продажба од почетокот на пандемијата, пренесува тамошната агенција „Никана“.
Цената на хотелите зависи од локацијата, капацитетот и годината на изградба на самиот хотел.
Хотелот „Палини“ во Касандра има цена од точно 12 милиони евра. Тој исто така е постар хотел, но е и најголем на оваа листа со капацитет од 150 соби.
Во рангот на поскапите хотели спаѓа хотелот кој што се наоѓа на плажата Ханиоти и кој што е изграден во 1968-та година и има капацитет од 130 соби, а неговата цена е 11.7 милиони евра.
Хотел во Полихроно кој што е изграден во 1990-та година и има 41 соба, се продава за само 2.1 милион евра.
Следниот туристички објект се наоѓа во Никити, има 25 соби. Тој е поскап од претходниот хотел за еден милион евра.
Кој што има 28 соби и се наоѓа во Касандра, ќе ве чини девет милиони евра, а објектот кој што е на самото крајбрежје во ова место има капацитет од 22 соби и чини 5.5 милиони евра.
Балканците први ќе можат да отпатуваат во Грција.