Полицијата не изрече казни во последните 24 часа за непочитување на одлуката за задолжително носење на заштитна опрема од страна на граѓаните. МВР тврди дека граѓаните во целина ја испочитувале препораката која стапи во сила претходниот ден, како мерка на претпазливост против ширењето на коронавирусот.-Истражува Alsat
Министерство за внатрешни работи:
„Граѓаните генерално ги почитуваат одлуките на Владата и за таа цел сè уште делуваме на превентивен начин, односно полицијата ги известува граѓаните за обврската што произлегува од одлуката на Владата.“
Но, Алсат дознава дека два дена пред да стапи во сила законот веќе имало изречено многу казни против граѓани. Од друга страна, оние со кои зборувавме не веруваат дека овие маски ќе ги заштитат од инфекција, но велат дека ги носат за да не бидат казнети. Дури има и такви кои оваа одлука на Владата ја сметаат како бизнис за продавачите на маски.
„ Овие маски не се валидни, има голем бизнис во оваа држава, бидејќи тие се продаваат за пари. 50 денари или 1 евро парче, испаѓа по 2 милиони евра на ден. Маската се користи само 15 минути, не може да се носи една недела, затоа што само го апсорбира вирусот.“
„Дефинитивно треба да се заштитиме, но не знам која е вистината. Ова навистина стана многу банално со рестриктивни мерки на секои 3 дена.“
„За време на постот, маската не пречи воопшто. Мислам дека таа не нè штити од пандемијата, но јас ја носам поради казните.“
Револтот кај граѓаните е исто така и против зголемувањето на цената на маските.
Првично, овие мерки беа преземени пред 2 недели во 3 општини кои имаат најголем број на заразени лица по Скопје и кои се третираат како „жаришта“ на Ковид -19, односно Куманово, Прилеп и Тетово.