Само 3 проценти од скенирачите одлучиле да ги донираат парите од поврат на ДДВ. Државата собра над 150 илјади евра по овој основ. Според податоците на УЈП, над 8.000 лица одличиле да се откажат и да ги донираат средствата за борбата со Ковид-19, а над 10 отсто или 31 илјада се изјасниле дека ќе ги задржат парите.
Опцијата за донирање беше направена како помош на државата за справување со корона вирусот. Тогаш како што соопшти Управата за јавни приходи, за остварениот износ за поврат на ДДВ за првите три месеци од оваа година, во апликацијата „МОЈ ДДВ“, преку опцијата „скенирам и донирам“, физичките лица ќе имаат можност да изберат опција за донирање на целиот износ на данокот на додадена вредност за кој имаат право на враќање.
Во апликацијата на располаѓање ќе бидат две опции, „ДА, го донирам мојот поврат на ДДВ‘’ и „НЕ, благодарам“, а граѓаните ќе може да се изјаснат најдоцна до петти мај 2020 година.
Физичките лица кои ќе одговорат потврдно, даваат согласност за донирање на целиот износ, додека оние кои ќе одговорат негативно ќе имаат можност да го сменат своето мислење до петти мај.
Рокот за донирање на средствата од повратотот на скенираните сметки завршува денеска. Опцијата „Скенирај и донирај“ беше воведена на 25 Април. Надлежните тогаш посочија дека собраните средства ќе бидат искористени за справување со кризата од Ковид-19. Од утре, пак, почнува и исплатата на парите од повратот за првото тромесечје.