Многупати сте се почуствувале жедно или сте имале сува кожа, а докторите сигурно ве посоветувале да го зголемите количеството на вода што го консумирате дневно.
Како што октрива ББС, овие совети несекогаш имаат научна основа, но се нуспроизвод на повеќедецениските верувања.
Судејќи по зборовите на Винсент Присниц, основач на хидропатијата, луѓето во 19-от век вода внесувале (во доволни количини) само пред смртта.
Но, времињата се променија значително па така продажбата на вода во САД денес ја надминува продажбата на газирани пијалоци.
Од сите страни, наидуваме на пораки за важноста да внесуваме одредено количество на вода секој ден како би имале подобро здравје, повеќе енергија и почиста кожа и дека водата е клучот за успех во борбата против вишокот килограми и спречување на појава на карцином.
Поттик за овој копнеж по водата е и неофицијалното мото „пијте осум чаши од 240 милилитри вода на ден“, што е скоро два литри вода дневно. Ова правило, сепак не е поддржано од научни истражувања.
Потеклото на ова тврдење лежи во две верувања кои се стари неколку децении.
Комитетот за храна и исхрана на Американскиот национален совет за истражување објави упатство за возрасни дека е потребно да се внесе по еден милилитар течност за секоја калорија храна.
Кај жените, при внес на 2.000 калории, оваа бројка би изнесувала 2 литри течност, додека кај мажите кои внесуваат 2.500 калории, вистинскиот сооднос би бил 2.5 литри течност дневно.
Сепак, тука не се зборува исклучиво за вода, туку и за други видови на течности, вклучувајќи овошје и зеленчук кои содржат 98% вода.
Во меѓувреме, во 1974 година беше објавена книгата на нутриционистите Маргарет Меквилијамс и Фредерик Стер со наслов „Исхрана за добро здравје“. Во својата книга, тие советуваат возрасните да пијат помеѓу шест и осум чаши вода на ден. И според нив, тука се вклучени овошјето, зеленчукот, пијалоци со кофеин, сосови, па дури и пиво.
Прочитајте: Колку вода дневно треба да пиете според вашата тежина?
Водата сочинува две третини од нашата телесна тежина и секако е од големо значење. Таа игра клучна улога во повеќето хемиски реакции што се случуваат во нашето тело.
Нашето тело губи вода преку потење, мокрење и дишење. Симптоми на дехидрација може да се забележат откако ќе изгубите 1-2% од залихите со вода во вашето тело. Во ретки случаи оваа состојба може да биде смртоносна.
Верувањето во митот кој гласи дека треба да пиеме минимум осум чаши вода на ден, не убеди да го третираме секое чувство на жед како состојба на опасна дехидрација. Наспроти ова верување, експертите се согласуваат дека на нашето тело не му треба повеќе течности од тоа што самото го бара, пишува Индекс.
Слушајте го вашето тело и тоа ќе ви каже кога сте жедни, вели Кортни Кипс, спортски доктор и здравствен директор на Триатлон во Лондон и Бленхајм.
Тој мит дека сте задоцниле доколку веќе се чувствувате жедни се заснова на претпоставката дека жедта е лажен знак на недостаток на течност, но се поставува прашање зошто останатите механизми во организмот функционираат совршено, а токму жедта лажна, додава таа.