Airbnb отпушта 25% од своите вработени поради огромен пад на патувања низ светот заради пандемијата од коронавирусот.
Во писмо до своите вработени, извршниот директор Брајан Чески, напишал дека компанијата отпушта 1.900 од своите 7.500 вработени и одлучи да ги намали активностите што не се примарна дејност на Airbnb, како што се инвестиции во хотелиерство и филмска продукција.
“Во овој момент сите заедно ја преживуваме најголемата криза досега“, напишал Чески, додавајќи дека Airbnb очекува двојно намалување на приходите оваа година.
Тој одлучи сите вработени во САД да добијат најмалку 14 недели од својата основна плата, здравствено осигурување ќе имаат цела година, додека во другите земји вработените ќе имаат платено здравствено осигурување до крајот на годината.