Мапата на распространетост на епидемијата на коронавирусот во Европа јасно покажува дека богатите земји од Западна Европа претрпеле поголема штета од источните земји членки на ЕУ, со впечаток дека најважната причина за тоа е раното воведување на рестриктивните мерки.
Дури и најтешко погодените земји од Централна и Источна Европа имаат многу помала спатка на инфекција и смртност од коронавирус на 1 милион жители од западноевропските земји, а според некои показатели ова разлика е впечатлива, пишува Гардијан.
На пример, Словачка има само 1.423 случаи и 25 жртви. Соседна Австрија, за која многумина сметаат дека е една од најуспешните земји во борбата против коронавирусот, има 10 пати повеќе заразени и 20 пати повеќе жители, а само една третина повеќе жители.
На ова може да влијаат различни индивидуални фактори во различни земји: понизок животен век што значи дека помал процент на ранливо население, помала густина на населението, помал воздушен сообраќај кон Кина, пониска стапка на тестирање или само среќа.
Носењето маски, коешто беше задолжително во Чешка и Словачка уште на почетокот на епидемијата подоцна беше воведено во голем број други земји, а се верува дека тоа исто така придонело за да се стави под контрола ширењето на новиот вирус.
Главната причина се чини дека е раното воведување на карантин и рестриктивни мерки од страна на скоро сите земји во регионот, пренесува Танјуг. Додека во Велика Британија, и другите западноевропски земји, јавните настани и собири сепак беа дозволени во втората и третата недела од март, во Централна и Источна Европа, владите навреме видоа што и се случува на Италија и брзо воведоа рестриктивни мерки.
А за таа одлучност допринесе и зголемениот страв во некои земји кои се плашеа од ударот кој би можел да го претрпи нивниот здравствен систем.
Една од нив е Грција која исто така воведе строги мерки за да не го оптовари здравствениот систем, а бројките говорат дека во земја со 11 милиони жители, досега се регистрирани само 2.620 позитивни случаи на коронавирусот – сооднос кој е значително помал од оној во развиените земји од западот.